Систане | Македонија

Оваа страница е достапна на македонски. Изберете подолу за други земји.

Изберете друга земја

Совети за суви очи

Совети за суви очи

Промени во животниот стил кои помагаат да се намали сувоста на очите

 

 

Иако не постои лек за суви очи, овие едноставни совети и трикови можат да помогнат да се намалат сувите очи и да се олеснат досадните симптоми.

Здрави навики

  • Редовно проверувајте ги очите.
  • Одржувајте ги вашите очни капаци чисти и заштитени од нечистотија со помош на вашите марамчиња за чистење на очните капаци.
  • Без разлика дали ставате капки или нанесувате шминка, измијте ги, исплакнете и исушете ги рацете пред да ги допрете очите.
  • Ако носите контактни леќи одржувајте ги чисти и носете ги само како што е пропишано.
  • Носете очила во ветровитите денови и кога пливате.
  • Откажете се од пушењето и/или избегнувајте пасивно пушење.

 

Здрава исхрана

  • Хидрирајте, пијте многу вода.
  • Јадете здрава храна која вклучува омега-3 масни киселини.

Здрава животна средина

  • Користете соодветно осветлување.
  • Намалете ја количината на воздух што дува во вашите очи (фен за коса итн.).
  • Следете ја влажноста во затворените простории или по потреба користете навлажнувач.

 

Одморете се

  • Обидете се да трепкате на секои пет секунди, особено кога гледате во екранот на компјутерот или дигиталниот уред. Исчистете го мониторот, намалете го отсјајот на екранот и седете на соодветно растојание од екранот (околу 75 см).
  • Направете паузи од дополнителни активности како работа на компјутер или читање.
  • Користете го правилото 20:20:20: Обидете се да гледате во нешто оддалечено 20 метри 20 секунди на секои 20 минути.

Совети за лекување на различни симптоми на суви очи

 

  • Употребата на вештачки солзи може да ги ублажи симптомите на суви очи
  • Топла облога; Влажната крпа или друга топла облога може да ги смири сувите очи и да обезбеди речиси моментално олеснување
Жена со кратка кафена коса широко се смешка на камерата

Бидете незапирливи со Systane® палетата на производи

 

Палетата Systane® е специјално дизајнирана да одговори на различните потреби на пациентите со суви очи - Можете да добиете БРЗО1,2 или ДОЛГОТРАЈНО1,3,4 ОСЛОБОДУВАЊЕ кое Ви е потребно за да сувите очи не ве попречуваат.

кутии од производи Systane ultra, Systane ultra без конзерванс, Systane Hydration без конзерванс од Alcon

REFERENCES:

1. Davitt WF, Bloomenstein M, Christensen M, Martin AE. Efficacy in patients with dry eye after treatment with a new lubricant eye drop formulation. J Ocul Pharmacol Ther. 2010;26(4):347-353.

2. Christensen MT, Martin AE, Bloomenstein M. A comparison of efficacy between Systane Ultra and Optive lubricant eye drops when tested with dry eye patients. Optometry. 2009;80(6):315.

3. Rolando M, Autori S, Badino F, Barabino S. Protecting the ocular surface and improving the quality of life of dry eye patients: a study of the efficacy of an HP-guar containing ocular lubricant in a population of dry eye patients. J Ocul Pharmacol Ther. 2009;25(3):271-278.

4. Silverstein S, Yeu E, Tauber J, et al. Symptom Relief Following a Single Dose of Propylene Glycol-Hydroxypropyl Guar Nanoemulsion in Patients with Dry Eye Disease: A Phase IV, Multicenter Trial. Clin Ophthalmol. 2020;14:3167-3177.

 

Пред употреба внимателно да се прочита упатството. За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на медицинското средство консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.